-->
-->
На аеродром во Манила запленети 1.500 желки залепени со селотејп
-->

Филипинската полиција на аеродром во Манила запленила повеќе од 1.500 живи желки завиткани со селотејп.
Како што пренесе Би-Би-Си, желките биле пронајдени во четири куфери и можеле да се продадат за четири милиони пезоси (еден американски долар изнесува 51,80 филипински пезоси).
Полиција наведува дека желките биле оставени на аеродромот откако шверцерите дознале колкава е казната за незаконска трговија со диви животни. Доколку беа фатени, можеа да добијат казна затвор во траење од две години, и парична казна од 200.000 пезоси.
Вкупно биле пронајдени 1.529 желки од ралични видови. Меѓу нив имало и Sulcata Tortoises која се наоѓа на листата загрозени видови.
Желките често се чуваат како егзотични домашни миленици. Во Азија нивното месо се смета за афродизијак, а нивните коски се користат во медицината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
