Македонија
12. July 2022 - 14:05

На 4 години затвор зголемена казната за возачот кој ја усмрти 24 годишната Викторија кај „Сити Мол“

Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот за„А1он“ потврдуваат дека казната е зголемена за една година, од противречената која беше три години затвор.

Причините за зголемување на казната за една година, детално ќе бидат образложени
во пресудата, која треба да биде јавно.