На 16 април во Скопје хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена ѕвезда
Поранешниот европски и светски фудбалски шампион Црвена ѕвезда и најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар.
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски и директорот на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ се договорија двата клуба да се сретнат во Скопје на 16 април.
– ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена yвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл, објави синоќа ФК Вардар.
Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
На прес-конференција во текот на вчерашниот ден и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија за настраданите од трагедијата во која загинаа 59 лица а повеќе од 150 се повредени.
Ново на Сител
-
Руско-американскиот вселенски екипаж се врати на Земјата по повеќе од седум месеци во вселената
-
Келог: Украина нема да влезе во НАТО
-
Сончево и топло, од утре нестабилно со дожд и грмежи
-
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се сретна со папата Франциск
-
Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите напори за изградба на праведно општество
-
Ишиба: Јапонија бара праведност во економските преговори со САД
-
Масовни протести во САД против власта на Трамп
-
Христијаните го слават Велигден