Loading Video...
Кошарка
14. May 2021 - 19:12

МЗТ Скопје Уни Банка и следната сезона во Првата лига

И следната сезона во Првата машка кошаркарска лига МЗТ Скопје ќе има два тима. 
 
Имено покрај првиот кој допрва ќе се бори за освојување на двојната круна, и вториот тим на ародромци догодина останува во елитата. 
 
Ова откако Комесарот за натпреварување при КФСМ, денеска го регистрира со службен резултат во полза на МЗТ Скопје Уни Банка реванш дуелот од плејаутот против Вардар, а поради неразбирливиот пропуст на црвено-црните. 
 
Иако на одлуката на Комесарот вардарци имаат право да се жалат во рок од 24 часа, сепак јасно е дека црвено-црните направиле голем и несфатлив пропуст  па дозволиле да игра кошаркар кој не бил пријавен за настап на натпреварот.