МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци

Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица земјоделци, соопштија денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во соопштението се наведува дека За МЗШВ приоритет е редовното сервисирање на субвенции кон земјоделците.
- Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, се подвлекува во соопштението.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници од подмерка 1.4 од Програмата за 2024 година, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
