МЗ: За прв пат извршена трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија
На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија од Министерството за здравство.
Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите, посочуваат од Министерството.
-Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.
Ново на Сител
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
