-->
-->
МЗ: Уште две пациентки со цистична фиброза примија „Трикафта“
-->

Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „трикафта“, потврди за МИА, портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска.
Тие во моментот, како што информираат од Министерството за здравство, се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна.
- Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, се вели во објавата на „Фејсбук“.
Според најавите на Министерството, во текот на утрешниот ден, уште на двајца пациенти ќе им биде дадена „трикафта“, со што бројот на лица кои го примат овој лек ќе се искачи на 16, а во следниот период, најавено е повеќе пациенти етапно да се вклучуваат на терапија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
