МЗ: Тестирано уште едно лице на корона вирус – резултатот е негативен

Уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано попладнeво на корона вирус и резултатот е негативен, информираат од Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.
– Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките, потенцираше министерот Филипче, информираат од министерството
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
