МВР:Соработуваме со синдикатите, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници

Раководство на МВР e отворено за соработка со синдикатите, без разлика на репрезентативноста, и тоа се гледа не само по бројните средби, туку и со преземените активности, е одговорот од МВР на денешното барање од Независниот синдикат на полицијата, кој денеска организираше синдикален марш со барање да им се признае репрезентативноста и да се вклучи во социјален дијалог.
– Секој реален предлог што доаѓа од синдикалните организации за подобрување на условите за работа на полициските службеници го прифаќаме и реализираме. Јавноста во изминатиот период беше сведок на реновирањето на десетина полициски станици и други објекти, како и набавка на униформи и друга опрема за да се овозможат подобри услови за работа на полициските службеници. Минатата недела нови униформи доби Единицата за специјални задачи, а деновиве се дистрибуираат униформите и за други полициски службеници, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски
Министерството за внатрешни работи во периодот од јуни 2017 година досега, нагласи Ангеловски, постојано работи на подобрување на условите за работа на полициските службеници, нешто што не е правено цела деценија, па полициските службеници беа доведени во ситуација да работат во субстандардни услови и без потребната опрема и униформи.
Покрај тоа, најави, од 1 декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници.
– Потенцираме дека и натаму интензивно ќе вложуваме во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, затоа што на тој начин ќе ги подобриме и резултатите во работата, од што бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече портпаролот во МВР Тони Ангеловски.
Ново на Сител
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
