МВР вчера издало 541 потврда за барање азил

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на 541 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.
- Во периодот од 19 јуни до 10 јули 2015 година во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 10.469 странски државјани, од кои 8.086 се од машки пол, 1.307 се од женски, 1.019 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 57 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, информира денеска МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-7.252, потоа Авганистан-930, Ирак-572, Пакистан-435, Сомалија-323, Палестина-291, Конго-241, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10 јули 2015 година до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа 23 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10 јули 2015 година се евидентирани вкупно 32 баратели на азил, од кои 24 баратели на азил се мажи, 6 баратели на азил се жени и 2 баратели на азил се малолетни лица. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се двајца баратели на азил со повреди на долните екстремитети ( двајца мажи ), додека пак бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател, не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.
Ново на Сител
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
