Македонија
22. September 2022 - 16:37

МВР уверува дека безбедносната состојба е стабилна, стручната јавност предупредува за можни влијанија врз регионот

Македонија во моментов е мирна, безбедна земја, а предизвикот да остане така е многу сериозен. Војната во Украина има потенцијал да ја дестабилизира земјава, но засега немаме такви индикации, а тука е и НАТО, вели министерот за внатрешни работи.

„Во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина…Членството во НАТО практично ни гарантира безбедност...”

Безбедносни грижи имаат и експертите. Не смееме да исклучиме политичка и економска дестабилизација во земјава и во регионот, а причината лежи во последните случувања на воената мапа.

„Русија бидејќи губи на тактичко и одбранбено ниво...може да има хибридни закани кои ќе ги отворат и злоупотребат некои од отворените прашања на Балканот”

И покрај ова, некои од експертите сметаат дека нема простор за поголеми безбедносни грижи.

„Сакам да упатам порака дека во оваа ситуација не треба да имаме никаква безбедносна дилема дека може да одговориме на заканите...”

За безбедноста се дискутираше на научно-стручната дебата на Филозофскиот факултет, каде што беше заклучено дека е потребна поголема соработка меѓу јавната и приватната безбедност.