МВР со модернизирани форензичарски капацитети, донација од САД

Во рамки на преограмата ИЦИТАП, МВР од САД доби донација за реновирање на складиштето на докази и простории за нивна обработка, во вредност од 200 илјади американски долари, со што ќе се подобрат форензичарските капацитети во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Л. Бејли нагласија дека донацијата е резултат на партнерството на САД со Македонија и заедничката решеност да се зацврсти владеењето на правото.
Според Чавков, во овој проект прв пат се обезбедување примена на нов и софистициран концепт за складирање, организација и постапување со обезбедениот доказен материјал. Во рамки на соработката со ИЦИТАП, обезбедена е и платформа за развој и имплементација на системско решение со кое се обезбедува интеграција на сегментите за криминалистичка техника низ државата со Одделенијата за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.
- На овој начин, Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења и МВР дополнително ќе гарантираат за интегритетот на доказниот материјал, како и за квалитетот на извршените анализи и вештачења кои се однесуваат на истиот, рече Чавков.

Тој додаде дека е поставен нов концепт на единствено означување и баркодирање на доказниот материјал со што во иднина ќе се обезбеди негтово следење во реално време.
Амбасадорот Бејли потенцира дека најважно и приоритетно е тоа што реновираните и модернизирани простории ќе им помогнат на претставниците и на оние кои ги спроведуваат законите во Македонија, но и на обвинителите подобро да им служат на граѓаните.
- Зградата е комплетно реновирана со донација од 200 илјади американски долари и е мултифункционална модерна установа за собирање, ракување и обработка на докази со различни методи, рече Бејли, додавајќи оти со подобрените процедури ќе има и поголема достапност на важните докази во кривичните судења, а ќе овозможува и по правични судења во насока на прифатливоста на доказите во кривичната постапка.
Ново на Сител
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
