Македонија
21. јуни 2021 - 11:05

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Штип-Кочани, двајца возачи загинаа

На 20.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Три чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес.

Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата.

-Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција, информира МВР.

 

Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип-Кочани.