МВР со детали за тепачката: 13-годишник избодел тројца, меѓу нив и детето кое се бори за живот

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска приведоа 19-годишник и 13-годишник од Скопје, по физичката пресметка што синоќа се случила на подрачјето на Чаир.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 31 август околу 22 часот, кога дошло до пресметка меѓу Б.И.(19) и 13-годишник од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишник, сите од Скопје, од друга страна.
Во текот на пресметката, приведениот 13-годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.
И.З. и 13-годишното дете се здобиле со тешки телесни повреди, додека 16-годишникот бил повреден полесно.
Полицијата извршила увид на местото, а за понатамошната постапка биле одземени три ножа, пендрек и други предмети.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
Ново на Сител
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
