-->
-->
МВР со детали за сообраќајката на патот Делчево – Македонска Каменица
-->
На 17.11.2020 во 20.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано „Баткова чешма“, атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од Љ.Т.(49) од Македонска Каменица и патничко возило „волво“, управувано од П.С.(52) од Македонска Каменица, и двете со регистарски ознаки од Македонска Каменица.
Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници