-->
-->
МВР со детали за сообраќајката на „Партизанска“ во која се повредени 6 лица
-->

Синоќа во 22.30 часот на крстосница од булевар "Партизански одреди" и булeвар "8-ми Септември" во Скопје, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "пежо боксер" (санитетско) со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Б.(57) од Скопје, патничко моторно возило "мерцедес" со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(25) од Ресен, и пешак Н.В.(25) од Скопје, соопштуваат од МВР.
Во незгодата со повреди се задобиле Т.Б. и три лица сопатници во возилото Д.Б.(28) од Битола, В.Г.(23) од Гостивар и В.А.(55) од Струмица. Со повреди се здобиле и К.Ѓ. и Н.В.
На повредените им е укажана лекарска помош.
Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
