Македонија
22. November 2016 - 13:52

МВР со детали за смртта на родилката во Штип

МВР излезе со детали за трудницата која почина во Штип. Според податоците од полицијата, во 15 часот и 40 минути телефонски во полиција се јавил лекар од Гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Штип и пријавил дека за време на породување починало непознато женско лице.  

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за 26-годишната Н.К.Б.од Штип, која со упат од матичниот гинеколог, најпрво, била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба и се влошила, по што била префрлена на Акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе и се влошила и починала.

По извршената реанимација бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но истиот останал безуспешен. Било извадено мртво новороденче.

По наредба на Јавен обвинител телата биле предадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчситување на случајот.