МВР: Санкционирани 516 возачи за брзо возење во текот на вчерашниот ден
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, за време на акциските контроли на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 516 возачи.
-Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 357 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 77 други видови прекршоци, информираат од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
-

Мицкоски: Ако сакаме место на Шангајска листа, бројот на научни трудови мора да се зголеми десеткратно
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
