МВР распиша оглас за прием на 652 лица
МВР се засилува со 652 нови вработени. Огласот за пријавување почнува од утре а ќе може да се пријави секој државјанин на РМ кој е полнолетен и го зборува македонскиот јазик.
Се бараат 600 нови кандидати кои ќе добијат униформа за полицајци во СКопје и внатрешноста. Условот е да имаат завршено средно образование, да имаат помалку од 25 години доколку до сега не биле вработени.За мажите е потребно да исполнуваат висина од 175 цм а жените 165.
Пријавите се доставуваат лично во полициските станици во Гази Баба, Битпазар и Карпош. По изврпениот избор кандидатите ќе поминат 1 годишна обука , психофизичка а потоа и редовните интервјуа и писмени тестирања.
Вториот оглас се однесува на кандидати со завршено високо образование.Од 52 лица во МВР, 6 ќе бидат дел од кабинетот на министерот, останатите ќе конкурираат за во другите сектори во министерството, секторот за внатрешни работи Скопје и бирото за JAVNA безбедност.
Огласот ќе трае 15 дена од објавувањето. Работните места и условите детално се објаснети на сајтот на МВР а заинтересираните ќе можат да ги поднесат секој работен ден од 8 до 16 и 30 часот.
Постапката за селекција ќе ја спроведува Комисија за избор на полицаец формирана од министерот и ќе се одвива во 4 фази. Од минатат година до сега по природен одлив бројот на вработени во МВР се намалил за 500тини а до следната се очекува да заминат во пензија околу 300 полицајци.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
