МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици, кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7 Мај“ во Полициската академија.
Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во Средното полициско училиште.
Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен.
- Исто така, општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година средно образование - посочуваат од МВР.
Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
