-->
-->
МВР: Лицето што го вееше знамето на „Голема Албанија“ не е припадник на полицијата
-->

Во врска со кривично - правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации,
МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР.
Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
