МВР ги утврдува причините за превртувањето на сканијата кај Деве Баир

МВР ги утврдува причините поради кои 40-годишниот бугарски возач И.М. изгубил контрола над сканијата што вчера попладне се преврте кај Деве Баир.
Товарното моторно возило марка „рено“ со бугарски регистарски ознаки од засега непознати причини изгубило контрола и се превртело на левата страна.
Сканијата се превртела во банкината на магистралниот пат Крива Палана - граничен премин Деве Баир, кај месноста Јанчева кривина, во атарот на село Узем, а увид извршила екипа на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка.
Како што информираат од Итна медицинска помош Крива Паланка, И.М. добил лесни телесни повреди - расеченици и набиеници по лицето и екстремитетите. По укажаната лекарска помош во здравствениот дом Крива Паланка возачот е пуштен на домашно лекување.
Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка дојавата за незгодата ја примила околу 16.30 часот.
- На самото место се упати една екипа со тројца пожарникари за евентуално извлекување на повредени лица, што не беше неопходно, бидејќи екипата на Итна медицинска помош со санитетско возило го префрлил возачот, единствен патник во камионот, а нашите пожарникари помогнаа во обезбедување на теренот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.
Камионот превезувал стакло кое при превртувањето не предизвикало дополнителни пречки во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
