МВР апелира за достоинствено одбележување на Илинден

Министерството за внатрешни работи денска преку соопштение упати апел до граѓаните за достоинствена прослава на Илинден, особено до оние кои ќе присуствуваат на организираните прослави.
– Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита празникот Илинден и ги повикуваме достоинствено да го прославиме овој ден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја. Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните. Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
