МВР: Акциска контрола во угостителски објекти, две лица приведени, пронајдена марихуана
При акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава, полициски службеници лишиле од слобода две лица откако кај едниот е пронајдена марихуана, додека другиот се однесувал агресивно кон полицајците, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во периодот од 00:00 до 04:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, приведени се две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници, посочуваат од МВР.
Оттаму потенцираат дека затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00:00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација. За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
