МВР: 450 полицајци ангажирани во последното деноноќие за справување со пожарите
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 05.08.2021 до 07.00 часот денеска (06.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мото-патроли и 148 возила.
Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок.
На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движат во шумски појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога