Музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје од НОВ

Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944) денеска ќе биде отворен. Посетителите ќе можат да ја погледнат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ на авторката Зоја Богдановска, виш кустос историчар.
Меморијалниот музеј на илегалните работилници е сместен на левиот брег на реката Вардар, на кејот „Димитар Влахов“, зад Археолошкиот музеј на Македонија.
Новата изменета и надополнета поставка е сместена во целосно санираниот простор на тајната работилница, зачувана во својот автентичен изглед, која во 1981 година била пренаменета во музеј. Со поставувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати коишто се поврзани со времето на Втората светска војна.
Со повторното отворање на Меморијалниот музеј на илегалните работилници, Музејот на град Скопје го добива својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Република Македонија и ја збогатува со уште една значајна содржина културната понуда на Скопје.
Музејот ќе го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој минатата година на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје најави дека наскоро овој музеј повторно ќе биде отворен. Шилегов рече дека како градоначалник ќе се погрижи музејот да биде повидлив и попосетен од граѓаните.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
