Мустафа: Оваа Влада ќе остане до крај на мандатот

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека оваа влада ќе останe до крајот на мандатот, истакнувајќи дека била погрешно интерпретирана изјавата на Кадри Весели, лидер на Демократската партија и прв парламентарец, оти потребни се нови избори за земјата да дојде во нормала.
Шефот на косовската влада оценува дека коалицијата Демократска партија-Демократски сојуз функционира добро и како коалициски партнери никогаш не разговарале за предвремени избори.
- Никогаш не сме разговарале за избори. Функционираме повеќе од добро. Демократската партија и Демократскиот сојуз, како владина коалиција, ќе останат до крајот на мандатот. Изборите ќе се одржат онака како што е предвидено, значи по завршување на мандатот, изјави Мустафа за косовската телевизија.
Тој искажа убеденост дека изјавата на Кадри Весели за предверемни парлменатрни избори е погрешно разбрана.
- Изјавите во медиумите често се погрешно толкувани и им се дава поинаква насока, истакна Мустафа.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
