Муслиу за иницијативата пред Уставен: Погрешна одлука во погрешно време

Мислам дека попогрешна одлука во попогрешно време нема. Ова е ситуација во која сите губат, освен личностите кои се дел од тој процес, кои биле аболицирани од претседателот, затоа што штета ќе имаат сите, рече политичкиот аналитичар Алберт Муслиу одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената иницијатива до Уставниот суд за член 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување.
Сите знаеме, додаде тој, низ каков процес сето тоа помина затоа што тој истиот Уставен суд не беше подготвен во периодот кога се случи аболицијата да одлучи за дел од законот да го прогласи како непостоечки.
-Мислам дека веќе поминавме низ овој процес. Во секој случај ова е многу политичко, политизирано прашање. Дали има политички договор меѓу страните тешко ми е да поверувам затоа што е работа што е штетна за сите учесници во политичкиот процес. На крај би бил штетен за сите, а кои се мотивите тоа ќе треба судиите сами да го кажат, истакна Муслиу по денешната конференција што ја организира „Цивил“..
Ново на Сител
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
-

Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун
-

Сончево и топло, со умерена локална облачност
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
