Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ
Новиот директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Мускиу во изјава за Аласат-М вели дека не може да ги коментира забелешките од ДУИ за неговото назначување од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.
– Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање, изјави Муслиу.
Вели дека на е запознаен со денешната изјава на вицепремиерот Бујар Османи дека ДУИ не се согласува со одлуката да биде поставен на оваа функција.
– Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, рече Муслиу.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба