-->
-->
Мурињо во Валенсија за 15 милиони годишно?!
-->

Жозе Мурињо најверојатно ќе биде новиот тренер на Валенсија, објавија во четвртокот британските медиуми. Според The Sun, менаџерот на Мурињо, Хорхе Мендес, ги договорил условите за ангажманот на Мурињо во овој тим.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Мурињо на „Местаља“ годишно ќе заработува 15 милиони фунти и дека за засилувања ќе добие 100 милиони фунти. Таблоидот The Sun наведува дека Мендес, Мурињо и претседателот на Валенсија Питер Лим, околу овие услови разговарале минатиот месец во Сингапур.
Инаку, најмоќниот фудбалски менаџер во светот, Хорхе Мендес, е соработник и советник на претседателот на Валенсија, Лим.
Информацијата дека Мурињо ќе се пресели на „Местаља“, британските медиуми ја лансираа веднаш по објавата дека Гери Невил добил отказ. Валенсија сака што поскоро да ангажира тренер, откако го отпушти Невил, кој на 16 првенствени натпревари забележа само три победи.
Мурињо, во декември доби отказ во Челзи, поради лошите резултати, а откако остана без работа тој најчесто се поврсуваше со Манчестер Јунајтед, но изминатите денови се шпекулира дека Луј Ван Гал и во наредната сезона ќе ги предводи „црвените ѓаволи“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ бара надзорна расправа за примената на Законот за македонскиот јазик - од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе присуствуваат
-

Рекордни 94 годишнини ќе бидат прославени годинава, исклучено одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Доста Димовска
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
