Мурињо по поразот од Брајтон: Заслуживме повеќе од тоа што го добивме
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо рече дека неговиот тим не заслужи да загуби од Брајтон, вчеравечер во натпреварот од 21. коло на шампионатот во Англија.
Домаќините победија со 1:0 нанесувајќи му го на Спарс петтиот пораз сезонава.
– Видов две различни полувремиња. Направивме две грешки по ред – еднаш ја погодија стативата, а вториот пат постигнаа гол. Во второто полувреме, за 25-30 минути видов тим со душа, тим кој беше подготвен да даде сè. Заслуживме повеќе од она што го добивме. Второто полувреме се одвиваше поинаку, бевме расположени, момците многу се обидуваа. Имаше малку замор, но јас заминувам со позитивно чувство, изјави Мурињо за „Скај Спорт“.
По овој натпревар, Тотенхем со 33 бода е на шестото место во поредокот во Премиер лигата, додека Брајтон со 21 поен – на 17-то место.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска