-->
-->
Мурињо: Најтешка сезона откако станав менаџер
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека неговите играчи во финалето со Ајакс одиграа интелигентно и дека заслужија да победат.
-Ова е крај на многу тешка, но многу добра сезона. Повеќе, сакавме да стигнеме до Лигата на шампионите во овој начин, отколку тоа да го сториме преку четврто, трето или второто место во Премиер Лигата. Клубот сега има трофеј од сите големи натпреварувања и во следната сезона ќе игра во елитната ЛШ, истакна Мурињо.
Португалецот смета дека ова сезона со Јунајтед била најтешка откако постана менаџер.
-Беше многу тешко, особено последните месеци кога се соочивме со многу повредени играчи. Заслуживме да победиме. Играчите одиграа многу интелигентно. Многу сум среќен поради трите трофеи и обезбеден пласман во Лигата на шампионите во најтешката моја сезона како менаџер, потенцира Мурињо.
Манчестер Јунајтед синоќа го победи Ајакс со 2:0 и ја освои Лигата на Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток