-->
-->
Мурињо го продава Коста
-->

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, решил во јануарскиот преоден рок, да се откаже од услугите на Диего Коста, а нападот да го освежи со Џејмс Варди, Томас Милер и Антоан Гризман, пренесуваат англиските медиуми.
Мурињо и Диего Коста имаа вербален дуел на полувремето од натпреварот во Лигата на шампионите против Макаби, а истото се повтори и на мечот во неделата против Тотенхем. Најпрвин шпанскиот репрезентативец одбил да се загрева со соиграчите откако му било соопштенот дека нема да го започне натпреварот, а потоа во финишот кога му стана јасно дека нема да влезе во игра, својот маркер го фрли во правец на Мурињо.
Парите од трансферот на Диего Коста, Мурињо би ги инвестирал во тројцата споменати играчи.
Варди е вистинска сензација и нов рекордер во Премиерлигата, стрелец на 11 последовни натпревари, а Гризман е најдобриот играч на Атлетико Мадрид. Проблем на Мурињо ќе му преставува Милер, кој неколку пати изјави дека е задоволен во Баерн, но за Германецот интерес покажува и Манчестер Јунајтед.
Фудбалерите на Челзи, во 14 натппревари во Премиерлигата имаат постигнато само 17 голови. Напаѓачите на ’сините’, Диего Коста, Радамел Фалкао и Лоик Реми, заедно имаат постигнато само четири гола во Премиерлигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
