Тенис
15. July 2017 - 16:44

Мугуруза победник на Вимблдон

Женскиот турнир на Вимблдон мина во доминација на Гарбиње Мугуруза која во финалето 7:5 и 6:0 славеше над Венус Вилијамс. Иако допатува во Лондон  како 14-та  носителка, без многу проблеми ја победи некогаш најдобрата во светот, Венус Вилијамс.
 
Венус со своите  37 години успеа да задржи ниво  само во првиот сет но на крајот Мугуруза направи брејк и го доби со 7:5. Тоа како да беше знак дека Вилијамс полека се предава. 
 
Во вториот сет, се беше во знакот на Мугуруза. По брза постапка го доби и вториот сет со 6:0 и го запиша своето име со златни букви меѓу освојувачките на најпрестижниот турнир во светот. 
 
За Мугуруза ова е втор голем трофеј. Минатата година таа изненадувачки триумфираше на Ролан Гарос. Сега со игрите на Вимблдон покажа дека тоа не било случајно и се искачи на тронот на Вимблдон.