Муцунски на средба со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Новата влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции и во периодот што следи ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.
Муцунски на Фејсбук објави дека на средбата со Вархеји нагласил и дека политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина.

- На средбата разменивме мислења и за Планот за раст на ЕУ, оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство, наведува Муцункци, кој денеска во Луксембург учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западен Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК).
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија утре ќе престојува во Брисел каде што ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа ќе има и средби со високи претставници на Европската Унија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
