Муцунски ја посети македонската амбасада во Белград, се сретна со македонската дијаспора
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на неговата посета на Белград, ја посети македонската амбасада и оствари средба со македонската дијаспора во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Амбасадорот Никола Тупанчевски го запозна министерот Муцунски со персоналот во амбасадата и со активностите на политички и економски план меѓу Македонија и Србија.

Во текот на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со раководството на Македонскиот национален совет во Р. Србија, предводен од претседателката Зорица Митровиќ и секретарот Марјан Јовановски, кои го запознаа со активностите на Македонскиот национален совет во остварување на културните, информативните, образовните права и изучувањето на македонскиот јазик на македонското малцинство во Србија.
Ново на Сител
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
