Муцунски: Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од Општина Аеродром
За правилен и подобар психо-физички развој на најмладите со најновиот проект на Општина Аеродром „Учиме да пливаме” планирано е бесплатно пливање за сите првачиња и сите деца со попреченост од основните училишта во Општината.
„Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост. Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад.
Проектот кој е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“, а тој предвидува создавање услови за најмладите да добијат соодветна обука и совладување на вештините за пливање, кое има клучна улога во правилниот психо-физички развој и здравјето на децата.
Приоритет на Општината се најмладите. Единствено низ сериозни инвестиции, чекори и иницијативи за подобрување на образовниот процес, како и вложување во спортската инфраструктура, можеме да создадеме здрава и едуцирана средина!
Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори