Му се закануваше доживотен затвор поради злосторство кое не го направил: Го спаси оваа „селфи“ фотографија

На 21. годишно момче од Тексас (САД) му се заканувал доживотен затвор за злосторство кое не го направил, а го спасило само едно селфи.
Кристофер Прекопиа е уапсен во септември минатата година откако неговата поранешна девојка го обвинила дека насилно и влегол дома и ја нападнал со скалпел, а тврдела дека и го направил знакот Икс на вратот.
Полицијата при апсењето му дала минимални информации, а неговиот адвокат за „КУВЕ“ открил дека на прашањето зошто е уапсен му одговориле: „Не се прави дека не знаеш!“.
Го обвиниле за насилно влегување со намера да направи натамошен злостор за што можел да добие и доживотна казна.
-Немав поим кој ме обвинува, ниту што се случува. Постојано се плашев штоќе се случи наредниот ден. Одев на спиење со надеж дека повеќе нема да се разбудам само за да избегам од стварноста, раскажал Кристофер.
Неговите родители морале да позајмат 150.000 долари за да можат да го платат адвокатот.
Се’ се покренало кога неговата мајка се сетила дека на датата на наводниот напад објавила селфи направено во еден хотел, 113. километри оддалечен од куќата на неговата поранешна девојка.
Благодарение на тоа успеале да докажат каде точно се наоѓал во тоа време.
-Имаше среќа што таа го избрала датумот и времето за кое тој имал цврсто алиби. Многу пати разговаравме за тоа дека имаше голема среќа, рекол неговиот адвокат.
Кристофер потоа бил ослободен од обвинението, а неговата поранешна девојка ќе мора да се соочи со обвинение за лажна пријава.
Ново на Сител
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
