Му рекол на пријателот дека е Шабан: Го убил со пушка и ранил уште двајца

Безпотребна расправија направи едно лице да замине во смрт, а уште две лица да бидат ранети. Во селото Грбавче во Србија со двоцевка беше убиен 44-годишниот Синиша Живковиќ од Ниш.
Кавгата започнала во кафеана на 3 септември 2015 година, кога тројца пријатели се искарале околу тоа кој е "Шабан". Во расправијата која кулминирала со физичка пресметка дошло до пукање, при што бил убиен Синиша, а ранети 47-годишниот Драган Периќ и 54-годишниот Небојша Чекиќ, од страна на Саша Петковиќ.
На вчерашното сослушување во Судницата за случајот кој ја потресе Србија, било констатирано дека Живковиќ и Петковиќ се испокарале и испотепале, по што Петковиќ отишол и земал пушка и го усмртил пријателот. Тој го погодил во градниот кош, а ги ранил останатите другари кои седеле во кафеаната.
- Дојде и го праша Како си царе, јас сум тука цар...Почнаа да се караат, му велеше дека е Шабан, а тој полуде, велат сведоците.
Убиецот се бранел дека несвесно и во афект го направил делото.
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
