Му кажале дека имаат сателитски снимки на кои се гледа дека во неговиот двор има злато, Кратовец олеснет за 11.000 евра

Кратовскиот градежен мајстор Јаким Спасовски раскажува како станал жртва на измама поврзана со наводно закопано злато. „Им дадов 6.000 евра, дојдоа осуммина со детектори и копаа дупка од шест метри, убедувајќи ме дека под земја има казани со злато“, вели Јаким за МКД.мк. Подоцна им дал уште 5.000 евра за „нови сателитски снимки“.
Организирана група од осум лица со лажни сателитски снимки убедувала граѓани дека во нивните дворови има закопани ќупови со злато, барајќи по 6.000 евра аванс за „копање“. Според пријавите, најмалку пет лица се измамени.
Еден од осомничените се претставувал како полицаец, уверувајќи дека сè е легално и дека жртвите ќе добијат дел од наодите. Кога Спасовски сфатил дека станува збор за измама и побарал пари назад, добил закани.
Полицаецот, кој бил посочен како член на групата, ги негира обвинувањата, додека МВР соопшти дека случајот е во предистражна постапка.
Ново на Сител
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
-

34 години Армија, традиција и нови предизвици
