Свет
17. March 2016 - 15:53

Му ја разнесоа главата со експлозив: Вака казнуваа ИСИЛ

Исламската држава денеска објави фотографии од шестмина мажи кои се ликвидирани затоа што, според нивните тврдења, шпионирале за ирачката влада во Фалуџа.

Најужасната ликвидација е онаа кога на еден од затворениците му ставаат околу вратот кабел со кој е приклучена експлозивна направа.

Џихадистите на Исламската држава подубија мажи на три начини - четворица се убиени со истрел во глава, еден е обезглавен со нож, а последниот со експлозив.

Foto: ISIS

Човекот кој е убиен со експлозив е именуван како Мухамед Махмуд Дајих, некогашен службеник во главната болница во Фалуџа. Тој е обвинет дека проследувал информации до ирачкото МВР за медицинскиот персонал кој е поврзан со ИД. Џихадистите наведоа дека тој им давал на властите информации и фотографии на убиените џихадисти чии тела била донесени во болницата.

Foto: ISIS

 

Убиле и двајца полицајци кои наводно сакале да ја напуштат Фалуџа и да и пренесат на Ирачката војска информации за Исламската држава.

Foto: ISIS

Foto: ISIS

Меѓу убиените е и Сам Фаисал Совајден, исто така полицаец кој наводно ја шпионирал Исламската држава во корист на ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Foto: ISIS

Foto: ISIS

Инаку, Фалуџа се наоѓа во провинцијата Анбар, на 50 километри западно од Багдад. Тоа е најголемото упориште на џихадистите во Ирак, по Мосул - град кој е целосно изолиран од другата територија и целосно под контрола на ИД.

Foto: ISIS

Foto: ISIS

Foto: ISIS

Foto: ISIS