Му дофрлале ‘педер’, ‘ќе гориш во пеколот’ па го нападнале, Беким Асани претепан во Тетово
Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудува физичкиот напад кој се случил врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат и санционираат сторителите на ова, како што велат, дело од омраза.
„Според сведоштвото на Асани, нападот се случил на 7 мај 2022 година на градските гробишта во Тетово, каде тој бил со својата мајка. Четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа му дофрлувале на Беким ‘педер’, ‘неверник’, ‘многу зборуваш со устата’, ‘ќе гориш во пеколот’. Потоа еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци по стомакот и нозете“, се наведува во соопштението на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Од НМХТ нагласуваат дека кривичните дела од омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата ретко добиваат правен епилог и инсистираат на темелно постапување од страна на органите и целосно расчистување на случајот.
„Треба да се има предвид дека игнорирањето на говорот и делата од омраза кон ЛГБТИ лицата и неказнивоста на сторителите на овие дела води до продлабочување на недовербата во институциите поради што многу вакви напади воопшто не се ни пријавуваат. Апелираме институциите еднакво да ги третираат сите граѓани во државата и да престанат да придонесуваат кон јакнење на дискриминацијата и насилството на кое се подложени сексуалните и родовите малцинства“, стои во соопштението.
Асани на Фејсбук се пожали и дека не е задоволен од односот на полицијата и персоналот во болницата во Тетово и додаде дека и во скопска болница одбиле да го прегледааат.
Ново на Сител
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково