МТСП: „Лице в лице“ е одличен пример за социјалното претприемништво
На синоќешното одбележување на петгодишнината од првиот број на списанието ,,Лице в лице’’ беа доделени признанија на повеќе поддржувачи на овој проект, меѓу кои и на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, информира денеска МТСП.
„Лице в лице“, како што се наведува, е одличен пример за социјалното претприемништво во Република Македонија, списание кое ја подигнува општесвената свест за важни теми и претставува значајна поддршка за надминување на социјалните ризици во кои се наоѓаат ранливи категории на граѓани, преку нивно работно ангажирање.
Со цел да придонесе во одржливоста на списанието и во креирањето на нови работни места, Владата на Република Македонија на иницијатива на МТСП, усвои Одлука со која ги задолжи сите министерства и државни органи да станат претплатници на списанието ,,Лице в лице’’ и со тоа да ја покажат својата општествена одговорност.
Во иста насока, во Ревидираниот оперативен план за активни програми за мерки за вработување за 2017 година прв пат се обезбедени средства за поддршка на претпријатија и граѓански организации со примарна дејност во областа на социјалното претрпиемништво, односно ќе се доделуваат неповратни средства во висина до 615.000 денари. Предвидена е и пилот мерка за поддршка во креирање на нови работни места во граѓански организации, каде ќе се доделуваат грантови во опрема или материјали наменети за успешни организаци, информираат од МТСП.
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани