МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот за правда Ален Деребан, претставници на Јавното обвинителство, Основен суд, експерти во областа, граѓански организации и претставници од надлежните институции. Итноста произлегува по последниот трагичен настан во кој згаснаа два животи, а со цел преземање конкретни мерки и активности од страна на сите надлежни институции, во насока на спречување и подобрување на заштитата на жртвите и гонење на сторителите, се наведува во денешното соопштение на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
- Исто така, на седницата беа разгледани и заклучоците од одржаната тркалезна маса организирана од страна на Министерството за внатрешни работи, со учество на надлежни институции и граѓански организации и академската фела, кои работат во областа на семејното насилство. На овој настан беа дадени препораки и конкретни активности што треба да се преземат, а што имаат за цел зајакнување на системот за спречување и заштита на жртвите, но и гонење на сторителите. На седницата на НКТ, беа усвоени заклучоци за формирање на работна група што ќе подготви итни измени и дополнувања на повеќе закони, со цел унапредување на институционалната координација и зајакнување на системот за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, се истакнува во соопштението.
Еден од заклучоците од седницата е и формирање работна група со претставници од сите релевантни институции и граѓански организации - Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, невладини организации, надлежни судови, Јавно обвинителство, претставници од академската фела и Собранието согласно Деловникот за работа на НКТ за подготовка на предлог измени и дополнувања на законите: Закон за полициски овластувања, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Закон за социјалната заштита, Закон правда на децата, Закон за бесплатна правна помош, Закон за кривична, Закон за парнична постапка и Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.
- Предлог измените треба да бидат доставени до Националното координативно тело во најкраток можен рок. На седницата се донесе и заклучок, да се дадат конкретни мерки и активности за подобрување на системот за заштита на жените жртви на насилство кој ќе бидат дел од Стратегијата и Акцискиот план за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, нагласија од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
МИА
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
