МПС на средба со раководството на Агенцијата за разузнавање

Македонскиот полициски синдикат и Агенцијата за разузнавање денеска одржаа состанок на кој заеднички ја утврдиле потребата од продолжување на социјалниот дијалог и потребата од контиунирано зголемување на платите на вработените во Агенцијата за разузнавање.
На средбата, како што соопшти синдикатот, биле усогласени и ставовите за унапредување на состојбата на вработените во делот на правата за остварување пензија, односно нивно усогласување со нормите кои важат за вработените во МВР, реализирање на законските норми во делот на безбедноста и здравјето при работа, како и потребата од позитивен пристап при идните постапки за склучување на колективен договор на Агенцијата.
Од страна на Македонскиот полициски синдикат на средбата присуствувала делегација предводена од претседателот на синдикатот Ацо Антовски, а од страна на Агенцијата за разузнавање делегација предводена од директорот Зоран Иванов.
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
