Македонија
10. February 2021 - 10:41

МПС бара полицијата да се вакцинира во првата или втора фаза на имунизација

Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање да бидат вакцинирани во првата или најкасно во втората фаза за имунизација на населението од коронавирусот Ковид-19, побара денеска Македониот полициски синдикат преку писмено барања до премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Оливер Спасовски и доректорите Ерол Муслиу, Виктор Димовски и Арафат Муареми.

Претседателот на синдикатот Марјан Кицев кој, како што вели, во име на 8500 членови бара вработените во овие институции да се вакцинираат во првата или втората фаза на имунизација поради секојдневните активности на овие вработени во справувањето со коронавирусот.

– Наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници. Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат, бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против Ковид-19 да вработените во Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и УПФ, Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик ондосно нивната имунизација биде планирана  во првата или најдоцна во втората фаза на имунизација, се наведува во писменото барање на Синдикатот.

Според нив, ова барање произлегува поради фактот дека вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажале својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19.