МПЦ-ОА со апел: Останете смирени и не подлегнувајте на провокации
Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е викарниот епископ Стобиски г. Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.
- И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото-добро сценарио каде што агресорот одново се претставува како жртва. Токму тоа се повиците коишто ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на Вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори, вели епископот г. Јаков.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
