-->
-->
Мозочен удар причина за смртта на соработникот на Путин, кој почина во Вашингтон
-->

Резултатите од обдукцијата на телото на соработникот на рускиот претседател Владимир Путин, Михаил Лесин, кој беше пронајден мртов во соба во хотел во Вашингтон лани во ноември, покжуваат дека тој починал како последица на мозочен удар, соопштија американските претставници.
Потпаролот на полицијата во Вашингтон, Хју Кар информира дека наодите на обдукцијата укажуваат оти Лесин имал повреди на вратот, телото, рацете и нозете.
Лесин беше медиумски советник на Путин, кој помогна во формирањето на информативниот центар „Раша Тудеј“.
Како што јави ТАСС, во реакција на информациите од Вашингтон, Москва соопшти дека очекува објаснување и официјални податоци во врска со истрагата и околностите на смртта на Лесин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
