Можности за македонските компании по Самитот во Сочи

Најавената зона на слободна трговија меѓу Русија и Југоисточна Азија е шанса за македонските компании за пласман на производи на големи пазари, смета Македонско-руската стопанска комора по одржувањето на Самитот Русија - АСЕАН (Сојуз на држави од Југоисточна Азија) во Сочи.
-Македонска-руската стопанска комора, во светлото на потпишувањето на Сочинската декларација и самитот кој во крајна линија треба да резултира со воспоставување зона на слободна трговија меѓу Русија и Југоисточна Азија, оценува дека ова за македонските компании треба да биде сигнал за значително поагресивно настапување на рускиот и пазарот на Евроазиската економска унија, со оглед на најавите за воспоставување на поцврсти економски сојузи. Тие, всушност, отвораат пат за пласман на македонските производи на огромни пазари со неисцрпни можности, соопшти денеска Македонско-руската стопанска комора.
Посебно, истакнуваат од Комората, треба да се искористат сите можности за воспоставување стратешко партнерство со руски и компании од Евроазиската економска унија, заради заеднички настап на овие пазари.
Поради таквите можности Македонско-руската стопанска комора најавува дека ќе даде подршката на своите членки и на сите заинтересирани компании и оти своите активности ќе ги дизајнира во правец на остварувањето на таа цел, со оглед, како што укажува, на сега веќе создадените добри перспективи и за либерализација на трговските односи меѓу Евроазискиот економски сојуз и АСЕАН.
На самитот во Сочи учествуваа 350 претставници на бизнис-елитата, економисти и стручни лица од Русија и од АСЕАН, како и претседатели и премиери на државите – членки на АСЕАН. Македонско-руската стопанска комора. Во усвоената Сочинската декларација е формулирана нужноста од развивање комплексни односи меѓу Москва и државите членки на оваа организација, што треба да донесе до стратешко партнерство. Истовремено, усвоен е и комплексен план на делување во наведениот правец.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
