Можно е Трамп да ги повлече САД од НАТО доколку сојузниците не ги зголемат придонесите
Претседателот на САД Доналд Трамп е задоволен бидејќи сојузниците се обврзаа дека ќе ја зголемат финансиската помош, но не ја исклучува можноста да ги повлече САД од Алијансата, доколку тие ветувања не бидат исполнети, наведе извор од Белата куќа.
- Засега претседателот е задоволен од она што го гледа. Тој гледа дека тие реагираат позитивно, наведе изворот пред првата посета на Трамп во странство, пренесува БТА.
Трамп на 25 мај ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел.
- Но ако ништо не се случи, или ако се случува многу бавно. ќе останеме „будни“, нагласи изворот.
ДПА синоќа јави дека, друг анонимен вработен во Белата куќа навел оти „Трамп нема да остане во НАТО, доколку НАТО не постигне доволно брз напредок“.
- Тој би сакал да остане во НАТО, но тој нема да остане во Алијансата, ако НАТО не постигне многу поголем напредок за многу побрзо време, истакна анонимниот вработен.
На средбата на врвот во Брисел, Трамп веројатно ќе продолжи да врши притисок врз сојузниците да ги зголемат расходите за одбрана.
Ново на Сител
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада